Достапни линкови

Урбанистички хаос во Скопје со катастрофали последици


Илустрација.
Илустрација.

Не се почитува околината, не се почитуваат старите објекти, не се почитува едноставно ништо. Единствена цел се само градежни квадрати, квадрати и квадрати, вели претседателката на Асоцијацијата на архитекти Сања Јовановиќ Раѓеновиќ.

Нови згради на просторот каде што го снемува зеленилото, Водно под закана од соголување, цели нови населби никнуваат во Скопје. Во дел од јавноста се јавува дебата и спротиставени мислења кои сепак не ги менуваат намерите за градење.

Не се почитува околината, не се почитуваат старите објекти, не се почитува едноставно ништо. Единствена цел е само квадрати, квадрати и квадрати.
Сања Јовановиќ Раѓеновиќ, претседателка на Асоцијацијата на архитекти.

Власта е најодговорна за градежната експанзија во Скопје и таа е единствената што може да ја спречи за кои и стручната јавност има забелешки, велат упатените. Претседателката на Асоцијацијата на архитекти Сања Јовановиќ Раѓеновиќ вели дека секогаш кога тие ќе се обидат нешто да спречат тоа е игнорирано.

Илустрација.
Илустрација.


„За една година Законот за градење е сменет буквално шест пати и тоа покажува дека Законот за градење се менува како да е некаква желботека, значи така како што некому му одговара, без притоа да се согледа општата, целата состојбата, да се консултира стручната јавност, тоа да биде стручно и издржано направено, туку само поради нечиј интерес“, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Што понезависна е локалната самоуправа. Тоа поголема е демократијата во една земја, а кај нас се случува обратен тренд.
Никола Наумоски, Плоштад Слобода.

Таа нагласува дека архитектите не се против градењето, туку против, како што вели, насилничкиот начин на кој тоа се правело само за да се задоволеле нечии интереси.

„Не се почитува околината, не се почитуваат старите објекти, не се почитува едноставно ништо. Единствена цел се само градежни квадрати, квадрати и квадрати“, додава таа.

Според Никола Наумоски од Плоштад Слобода, организација која ги следи случувањата поврзани со градежната експанзија, општините во Македонија се целосно подредени на централната власт. Тој потсетува дека еден детален урбанистички план во период од пет години бил менуван околу седум пати по, како што вели, барање на централната власт со целосно заобиколување на мислењата на граѓаните и стручната јавност. Наумоски тврди дека и во континуитет се намалуваат правата на општините.

„Тоа е едно прашање коешто цело време го пропуштаме, а тоа е како своеволно го дедемократизираме општеството. Имено, правата на локалната самоуправа се демократски права и што понезависна е локалната самоуправа. Тоа поголема е демократијата во една земја, а кај нас се случува обратен тренд од она што го почнавме од почетокот на овој век кога локалната самоуправа требаше да се децентрализира и да добие што повеќе ингеренции, особено во градежните работи, сега гледаме дека централната власт си ги враќа назад тие ингеренции“, вели Наумоски.

Последен пример е петочното гласање во Општина Центар. Одобрението за градење десеткатница кај хотелот Панорама на Водно, за која Институтот за земјотресно инженерство пред неколку години оценил дека и додавањето на само еден кат може да биде небезбедно, помина, како што посочува Наумоски, речиси без дебата меѓу општинските советници.

Во меѓувреме, покрај старата забелешка на Институтот и дел од јавноста застана против измена на деталниот урбанистички план што го предвидува ова.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG