среда, февруари 08, 2012 Скопје 03:07

Македонија

Македонски туризам

Реалноста што ги очекува странските гости во Македонија е сосема поинаква од прикажаната на рекламите на ,,CNN". Нечисти тоалети, лоша инфраструктура, отпад...

Охрид, најголемиот туристички центар годинава слабо посетен од странски туристи
x
Охрид, најголемиот туристички центар годинава слабо посетен од странски туристи
Големина на буквите - +
Добре дојдовте во земјата на музика и чувства. Вака се претставува Македонија во рекламните спотови кои се емитуваат на американскиот телевизиски канал „CNN“. Во видео-изданието се прикажани убавините на земјата, Македонија е археолошки рај, топ туристичка дестинација со богато минато, се препорачува шетање низ Охрид, да се видат иконите и манастирите, да седнете на средсело или да ги вкусите македонско вино и ракија, гравче-тавче, ѓомлезе, кукурек, пинџур... Ваквата слика, македонските власти им ја сервираат на странските туристи преку телевизиските спотови наменети да ги привлечат нив во што е можно поголем број.
Нема јавни тоалети, нема песок на сите плажи, има многу камења на плажите.

Но, притоа, докрај не им објаснуваат што ги очекува кога ќе стигнат во земјава. Не им даваат упатство како да стасаат до необележаните археолошки локалитети или да стасаат до селото преку неасфалтиран пат. Реалноста што ги очекува странските гости е сосема поинаква од прикажаната.
Разговаравме со неколку странски туристи, тие велат дека информациите за Македонија како туристичка дестинација ги нашле на интернет, и тука има неколку работи кои им пречат за нивната авантура да биде целосна.

„Дел од угостителите и вработените не разбираат англиски јазик, а за гостите што како нас доаѓаат од западноевропските земји навистина е тешко да го зборуваме вашиот јазик.“

„Нема јавни тоалети, нема песок на сите плажи, има многу камења на плажите.“

„Недостига традиционална македонската храна, се продава брза храна покрај езерата, а јас навистина дојдов да истражувам и да ја почувствувам оргиналноста.“

Првиот впечаток е лош

Лоша инфраструктура, високи цени, ѓубре, дупки на автопати, знаци од кои и домашните возачи би се изгубиле, немање брошури за значајните локалитети, дури ни чисти тоалети, немање директни авиоврски со дел од светските престолнини се само дел од работите што и недостигаат на земјава со години. Туристичкиот водич Даниел Меданоски вели дека кога ги пречекува странските туристи прво што прави е обид да го ублажи негативниот впечаток што го добиваат уште на излез од авионот.

„Обележеноста на патиштата, знаците се или еднојазични или она што е напишано е само на кирилица и само буквално истото напишано на латиница, значи не е на англиски, не е на некој друг меѓународен јазик, потоа инфраструктурата или првиот впечаток, кога ќе се нафрлат таксисти или други луѓе, значи првиот впечаток за Македонија е лош, потоа ние го компензираме тоа со импровизација.“
Обележеноста на патиштата, знаците се или еднојазични или она што е напишано е само на кирилица и само буквално истото напишано на латиница, значи не е на англиски, не е на некој друг меѓународен јазик, потоа инфраструктурата или првиот впечаток, кога ќе се нафрлат таксисти или други луѓе, значи првиот впечаток за Македонија е лош.


Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје

За лошото искуство на аеродромите зборува и сопственик на туристичка агенција и член на Судот на честа во стопанска комора за туризам, Ангел Иванов кој вели дека првиот впечаток од земјава служи за потсмев.

„Ние правиме потсмев со името на Александар Велики, ставајќи го на таков Аеродром, каков што е нашиот. Ако патувате во Турција ќе слетате на Аеродромот ,,Кемал Ататурк" и воопшто нема да имате дилеми зошто се вика ,,Кемал Ататурк" затоа што е грандиозен, рамен на тој во Хонг Конг, во Сиднеј или во Франкфурт итн. Просто му приличи големо име, на голем деец.“

Слаба туристичка сезона во Охрид


Туристичките работници се жалат дека годинава туристичката сезона завршува лошо. Потпретседателот на стопанската комора за туризам, Александар Чоневски вели дека најлошо помина Охрид.

„За жал ако зборуваме колку се полни нашите капацитети, сите тоа што го кажуваат се поразителни бројки посебно зборувам за нашиот најголем туристички центар, за Охрид. Делимично се подобри бројките во Дојран, Преспа и слично, во споредба со минатите години, меѓутоа генерално доколку се земе, оценката е навистина лоша.“

Причина за лошата сезона Иванов ја бара во лошите услови и несоодветаната стратегија.

„Речиси никаква кампања, прво за надвор, а второ и за домашни туристи, бидејќи во секоја земја освен гостите од надвор, прометот го прават и гостите од внатре. Барем половината од прометот требаше да го направат гостите од внатре, односно туристите од Македонија. Никој не посветува внимание на таквата кампања.“

Државниот советник за туризам, од министерството за економија, Шовкет Хазари вели дека со последните податоци од јуни се бележи зголемување на ноќевања од домашни туристи но се уште не може да се даде завршна оценка како поминала сезоната.

Домашните туристи полека се враќаат на Преспанското и Дојранското езеро
„Имаме зголемување на домашните туристи, додека имаме едно мало намалување на странските туристи, што не е толку битно, исто така и во летувањата имаме позитивен тренд. Целата сезона ќе се заокружи кон 12 месец, како сме поминале.“

Хазари вели дека имајќи ги предвид случувањата како визната либерализација, економската криза и отворањето на новите коридори тогаш може да се каже дека летната туристичка сезона поминала добро. Со слична оценка е и државната агенцијата за поддршка и развој на туризмот. Но со нив, не се согласуваат туристичките работници кои велат дека годинава е и полоша од претходните. Претседателот на хотелската асоцијација ХОТАМ, Дончо Таневски вели дека државата не презема доволно мерки за да се подобри туристичката состојба.

„Веќе неколку години по ред бараме, уште предминатата година 2008 побаравме еден сет мерки од владата, 2009 година ги реактивиравме истите тие мерки, но ништо од тоа не се одобри и ние автоматски останавме неконкурентни затоа што туризмот е препуштен сам на себе, на група ентузијасти.“
Веќе неколку години по ред бараме, уште предминатата година 2008 побаравме еден сет мерки од владата, 2009 година ги реактивиравме истите тие мерки, но ништо од тоа не се одобри и ние автоматски останавме неконкурентни затоа што туризмот е препуштен сам на себе, на група ентузијасти.


Странците што доаѓаат во земјава се благодарение на луѓето кои со децении соработуваат со поранешниот „Ју систем“ велат дел од туристичките работници. Туристичкиот водич Медарски вели дека за работа сам се снаоѓа.

„Од Охрид сум, лиценциран водич и работам не ексклузивно само со Холанѓани, туку и со Израелци, и со Полјаци... зависно која агенција ќе ме ангажира.“

Туристичките агенции се жалат за непреземање мерки, власта негира

Директорот на државната агенција за развој и поддршка на туризмот, Зоран Стрезовски вели дека Агенцијата презема неколку мерки како што се промовирање на земјата на меѓународни саеми за туризам, билборд кампањите во соседните земји, реклами на светски познати медиуми.
Туристичките работници велат дека залудни се скапите реклами во странство ако не се средат основните работи. Танески додава дека со рекламите кои се емитуваат во странските земји е завршена само половина од работата.

„Рекламата не кажува каде може да резервирате за Македонија. Еве одете на интернет и побарајте како да стигнете до Македонија кога ќе ја видите рекламата и ќе се „врзете во чвор“. Ќе ви требаат 1000 евра од Скандинавија или од некоја друга европска земја за да дојдете до Македонија и да се вратите до вашето место на живеење. Рекламата е прекрасна промоција на земјата, но позадинскиот дел не е сработен.“

Проблемот е што рекламата е пуштена без стратегиска поддршка, смета Танески. Стрезовски за ова вели дека не држи нивната замерка затоа што е потребно и туристичките агенции и хотели треба да се вкучат во кампањите.

„Нашите кампањи се истите кампањи кои ако погледнете, ние ја промовираме македонската туристичка понуда. Значи, дојдете во Македонија, а каде, преку која туристичка агенција, во кој хотел, тоа е нивни избор, затоа тука и не се согласуваме. Погледнете Турција,
Плажата Стење на Преспанското езеро
направете споредба, па дали таму пишува одете во Кемер или одете во Анталија.“

Иванов вели дека рекламите и презентациите на меѓународните саеми не донесоа резултати.
Рекламата не кажува каде може да резервирате за Македонија. Еве одете на интернет и побарајте како да стигнете до Македонија кога ќе ја видите рекламата и ќе се „врзете во чвор“.


„Евидентно дека тие најави, тие желби, останаа просто неоставарена желба, бидејќи конкуренцијата во околината е сериозна и тие секојдневно пратат што се случува на туристичките берзи и секојдневно се поместуваат и во цените и во квалитетот.“

Причините зошто Македонија не може да привлече повеќе странски туристи, може да се барат насекаде, на секое место на кое ќе ви текне и секогаш некој друг е виновен и сите се жалат дека другиот треба да преземе нешто и тој не го прави тоа.И така 20-тина годинини работите не се помрднуваат а топката се префрла од едни чинители надруги. За дел од луѓето кои се занимаваат со туризам проблемот со лошите туристичките сезони е во нереализирањето на државна стратегија за систематски развивање на туризмот и неинвестирање во инфраструктура, додека за други е во лошиот маркетинг кој не нуди информации, или пак лошата ценовна стратегија која не се промени без разлика на економските случувања. Директорот на агенцијата за развој на туризмот, Зоран Стрезовски вели дека е потребно да се инвестира во инфраструктурата и во капацитетите и тоа е во план на Владата. Тој додава дека не може за една година да се исправат грешките направени низ годините.
Високите цени на хотелското сместување, како и немањето позабележителен организиран настап на странските пазари, се најголемата закана за класичниот туризам. Освен забави, нема атрактивни содржини за младите туристи, не се нудат примамливи аранжмани со вклучени гратиси или големи попусти, какви што понудија туристичките центри од регионот. Иванов вели дека дел од хотелите не ни се обидуваат да ги адаптираат цените на побарувачката или на моменталната економска состојба ниту пак се обидуваат да ги анимираат своите гости.

„Еднаш годишно објавуваме цени и тие се цени објавени за 2010 година, а верувајте во светот цените ги следат и ги поместуваат секојдневно, верувајте јас сум бил сведок на хотелски капацитети во Мелбурн, Австралија, каде што навечер шефот на рецепцијата доаѓа и прашува: „колку соби, колку клучеви висат“, ги пребројуваат, ги поништуваат актуелните цени и вечерта во 22 часот објавуваат нови цени. Значи најскапо во хотелиерството е празен хотел.“

Речиси сите се сложни во едно, туризмот во Македонија е многу полош од пред 30 години. Статистиката покажува дека најголем број
Странците многу малку ги имаме, тие се во периодот од пролет и есен. Самите знаете дека Израелците престанаа, тие доаѓаа со чартер во лето, информации зошто немам, меѓутоа тој чартер што доаѓаше во летниот период оваа година е прекинат
странски туристи е забележан во 1980 година кога земјава ја посетиле над 900 илјади странски гости. Оттогаш бројот на странски туристи постојано опаѓа. Во 2001-ва кога Македонија беше соочена со безбедносна криза земјава имала близу 99 илјади туристи. Но земјава и во наредните години не успеала да побегне од тој негативен имиџ. Психолошката бариера некако е надмината па последниве неколку години рекордниот број на странски туристи е околку 200 илјади. Според државниот завод за статистика во јуни речиси 60 илјади странци ноќевале во земјава. Од најавените чартер-линии со кои требаше да се донесат странски туристи реализирана е Московската авиолинија и во годинава пристигнаа над 100 туристи од таа земја. Беа најавени и чартер летови од Скандинавските земји, за нив Стрезовски вели дека тие би требало да бидат реализирани догодина. Таневски вели дека континуирано доаѓаат Холанѓани но тие се малку.

„Странците многу малку ги имаме, тие се во периодот од пролет и есен. Самите знаете дека Израелците престанаа, тие доаѓаа со чартер во лето, информации зошто немам, меѓутоа тој чартер што доаѓаше во летниот период оваа година е прекинат.“

Субвенции за донесени странски туристи 

Владата од оваа година започна со субвенционирање на туристичките агенции кои носат странски туристи за минимум три ноќевања со појадок. Хазари вели дека е започнато и исплаќањето на овие субвенции.

Охрид - Ѓубре на брегот на езерото

„Во моментов се исплатени три компании, за секој донесен туристи, досега имаме скоро 54 апликации, три се веќе исплатени, заврешени и во процедура се уште 54 апликации, значи резултатите се покажуваат како позитивни и има голем интерес имајќи во предвид дека се уште сме во тек на туристичката сезона.“

Во програмата за развој на туризмот за 2010-та година најавена од министертсвото за еконимија одвоени се речиси половина милион евра за промоција на турисмот, субвенции и трансфери, односно овие пари ќе бидат потрошени за студија за развој на туризмот на Шар планина, анализа на туристички потреби односно анкетирање, ревизија на законската регулатива, анализа за развој на потенцијалот за развој на транзитниот туризам, потикнување на развој на алтернативен туризам,проект за одбележување на туристичките места и
Тогаш ете една идеа, која што се провлекува кај нашите колеги долги години. Зошто конечно, пробавме повеќе министерства како пилот програми, зошто конечно не пробаме едно министерство за туризам
субвенции за туристички манифстации. Државниот советник за туризам, Хазари вели дека овие анализи се веќе во тек и министертвото сега ја дефинира стратегијата за развој на туризмот за наредните години.

Чоневски вели дека е потребо да се вклучат и турситичките работници во создавањето на стратегии за развој на туризмот.

„Тогаш ете една идеа, која што се провлекува кај нашите колеги долги години. Зошто конечно, пробавме повеќе министерства како пилот-програми, зошто конечно не пробаме едно министерство за туризам.“

Според податоците на Народна банка во 2008 година во Македонија странските туристи оставиле 166 милиони евра а годината претходно 134 милиони евра. Од тие пари според податоците на државниот завод за статистика за 2007 ма година 96 милиона евра се свртеле во хотелскиот и ресторанскиот сектор. За да се подобри состојбата со туризмот во земјава потребно е да се вклучат активно сите чинители кои го сочинуват секторот од централната и локалната власт до туристичките и угостителските работници. Потенцијалите постојат велат експертите треба само да се искористан. Според програмата на министертвотот низ земјава за време на летната сезона ни поминуваат 2 милиона транзитни туристи кои поради отсуството на разни атракции, туристички производи, слаба сигнализација на апатиштат и се рабира недосигот на јавни тоалети по патиштата не се задржуваат повеќе во земјава од неколку часа. Експертите велат дека ако можеме да ги задржиме овие транзитни туристи барем два дена со добар производ тогаш дел од нив и ќе се вртат догодина.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: od loso poloso Град: ohrid
02.09.2010 21:52
+0 / -0
Од како го прочитав текстот се запрашав, дали требаше да дојдеме до работ па некој да се сети и да напише дека навистина не вредиме како што се преставуваме. Дали се плашиме да проговориме или ни е срам, нешто има.Но апсурдот е уште поголем во нашиот град Охрид каде што веке од анархија и беззаконие не се дише.Властите во градот заедно со дивите дилери растураат од правење пари и сива економија првите со нивниот капитал,станови и апартмани а вторите како десна рака нивна незаконски носачи на гости.Сите задовлни а на државата ако и е мака нека цркне.
-Срамот на Охрид се дивите туристички агенции(човек агенција) распостелени по буквално сите свиоци раскрсници и влезови на градот и нудат секакви услуги од сместување до водичи и сл.
-Во изминативе години кога имасе туристи за сите се играше фер-плеј, но годинава се случени толку многу измами и проневерувања што Охридската полиција требаше да притвори барем 100 луге и да поднесе кривични пријави .
- Но од такво нешто ни ронка, половината од тие на улица ги работат и ги издаваат становите и на чуварите на редот (полицајците, нивните старешини и инспекторите за туризам ) и за секого се наога излез. Само оштетените туристи нема кој да ги разбере. но проблемот е катастрофален секоја година се помалку и помалку од истите се вракаат.
-дивите дилери на станови покрај што работат незаконска работа, поради големата конкуренција за посредување бараат во денот макар само една жртва да навидум да му помогнат да го сместат тие го измамуваат и го плачкаат .Цените на становите за 4 особи се движат од 25 до 60 евра од кои ако средна цена е 40 евра (25 за газдата на станот и 15 евра за дилерот). гостинот кога ке се врати во својата дрзава и кога ке ги погледне рекламите на CNN ке свати дека во трошното државче Македонија е опљачкан.
- Треба да се запрашат тие што ја водат државата и градот Охрид кај води сето ова.

Име: vucko Град: Skopje
28.08.2010 11:42
+0 / -0
Sekoja godina edno te isto slaba sezona ova ona a sekoja godina novi hotelcinja restorancinja plazi i tn
Dosadni konstatacii vo edno novo kapitilasticko opstestvo nasred svetska kriza koja sto nie ne ja priznavame kao ne odminala na toalitarna bezrabotica ima porast na domasni turisti a zasto pa od prost apricina DOlgo toplo leto luge na sto da rabotat ne slucajkako porano za vo stranstvo da otidat treba dosta poveke pari otkolku da otidat vo Ohrid a eve sega zaradi pogolema siromastija pocnaa lokalnove turisti da oDat na Prspa zatoa sto nemoze od Bitola da otide vo Ohrid taka ispaga vo realnosta i vo Dojran ,pa koj ke zapuka od Strumica vo Ohrid koga iam ezerce vo neposredna blizina ,maldi viekndasi ako otide vo Ohrid od Strumica isto mu eda otide vo Grcija i ete taka se stvori turizama ova leto vo Dojran i Prespa

Име: Moris Град: SKopje
28.08.2010 08:44
+0 / -0
Konecno fer tekst za Ohrid.Potrebno e da se kazuva vistinata za Ohrid. Da se kaze realno kakva e sostojbata vo ovoj grad. Ne e se idealno i ne e se rozovo. Samo taka ke se podobri uslugata i celata sostojba. Sakame da odime vo Ohrid ama za isti pari odime i na more.Sepak e nas i sepak e ubav, ama toa ne e dovolno.