Достапни линкови

16x9 Image

Горица Попова

Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје на групата Историја со историја на уметност, во класата на професорите Димче Коцо, Константин Петров и Ристо Андонов-Полјански. Како новинар работи 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. како соработник во дневната редакција на емисиите на албански, бугарски и грчки јазик, потоа како репортер во надворешно-политичката редакција, па уредник на редакцијата за внатрешна политика. Од 2000-2002 год. работела во тогаш локалната Скај Нет ТВ како новинар-репортер. Последно вработување и било повторно во матичната Куќа како одговорен уредник на Сектор Вести на Македонската радио-телевизија, а подоцна како главен и одговорен уредник и директор на Македонската телевизија. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Автор Горица Попова

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG