За најдобро користење на нашиот веб, препорачуваме да ја надградите најновата верзија или да пробате со друг пребарувач. Следи листата на пребарувачи
Кликнете на иконата за да ја симнете страницата
Мендух Тачи
Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?
Интервју со Владо Бучковски
Стотина млади луѓе протестираа пред Владата против ширење на радикалниот ислам во земјата. Денешниот протест беше контрапротест на оној од вчера на Албанците и Муслиманите
Повеќе од 5 илјади Албанци, главно млади, денеска протестираа во Скопје, против полициската акција „Монструм“, во врска со апсењата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро од 12 април. Освен помали инциденти, протестите главно поминаа мирно.
Во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, во Скопје се одржа и трка на келнери. Победи Бобан Лазаревски, кој беше најуспешен во слаломот меѓу спомениците. "Трка на политичари кон Европа не се одржа".
Без големи промени во Србија и тешко остварливи ветувањата од предизборната кампања. Изборните резултати во Србија и пост-изборните комбинаторики според аналитичарите Миша Бркиќ, Дејан Вук Станковиќ и Филип Давид.
Средба на Филе и Груевски
Церемонијата на инаугурацијата се одржа во Кремљ со што почна третиот мандат на Путин како Претседател на Русија. Во говорот тој се заложи за засилување на демократијата, велејки дека следниве неколку години се од големо значење за Русија. Reuters video
Граѓаните на Србија денеска (06.05.2012) избираат нов претседател, пратеници за Собранијата на Србија и Војводина, како и преставници на локалните власти.
Предизборните анкети му даваат предност на претседателскиот кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд, но актуелниот шеф на државата Никола Саркози ја намали разликата во изминативе неколку дена. Во текот на кампањите се дискутираа стравувањата за зголемување на невработеноста, имиграцијата и економската иднина на земјата.
Интервју со потпретседателот на СДСМ за економски прашања Зоран Јовановски.
Неколку илјади млади луѓе, доминантно млади Албанци, протестираа во Скопје поради апсењата на 20 лица поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Демонстрантите се сомневаат дека уапсените се вистинските виновници за убиството. Дел од нив велат дека со изјавата на министерката Јанкулоска дека станува збор за исламистичка терористичка група, се стигматизираат сите муслимани во земјава.
Во бившата Добровољачка во Сараево, на една страна се палеа свеќи на местото каде што загинаа припадници на ЈНА, а малку подалеку се положуваше цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на Армијата на Босна и Херцеговина , 3
Со внимание го следиме целиот процес на апсењето и истрагата, како и судските процедури. Мора да ги видиме доказите, па потоа ќе го кажеме нашиот став. И ние бевме жртва на тероризмот, но да ги почекаме доказите, изјави американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.
Во чест на Светскиот ден на слободата на медиумите, новинарите на РСЕ зборуваат за заканите врз медиумите во нивните земји и како се борат со репресиите.
Комисијата за финансирање и буџет ја почна расправата за ребалансот, кој беше накратко прекината поради кавга меѓу власта и опозицијата. Пратеничката група на СДСМ нема да даде поддршка на предложениот ребаланс.
Американскиот претседател Барак Обама, на годишнината од елиминарањето на Осама Бин Ладен, во ненајавена посета на Авганистан. Потпиша договор за идните односи со Авганистан, по заминувањето на НАТО силите од таа земја.
Интервју со Миле Јанакиески
Македонската влада зема кредити, во буџетот фалат пари, се кратат трошоци. Мора да се штеди, но каде? Дали приоритет се жални врби, аквапарк, споменици? Коментирајте ...
Во Белград е отворена изложба на фотографии, чии автори се млади фотографи од Србија и од Косово. Организаторите на проектот, кои добија подршка и од ЕУ, велат дека е потребна поголема соработка и взаемни посети на младите уметници и да се заборави минатото туку да се гледа во иднината.
Интервју со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет
Активисти од Сирија јавуваат за борби и за бомбардирања на владините сили врз делови од градот Хомс додека пристигнуваат посматрачите на ОН. Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека бројката на 250 набљудувачи на ОН на примирјето во земјата е разумна и доволна. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун пак претходно изјави дека треба да се зголеми бројката на набљудувачи во Сирија. (AP video)
Од политичките лидери се очекува да ги тргнат емоциите на страна и да не зборуваат за праведно или неправедно, вели д-р Стево Пендаровски. САД се континуирани подржувачи на Македонија, но и Македонија треба да ги исполнува своите обврски.
Граѓаните во Македонија со мислења дека не треба да се дозволи зголемување на тензиите во земјата и со апели за воздржаност и разум, но и со пораки за брзо откривање на сторителите на 5-кратното убиство.
Стотина претежно млади луѓе протестираа денеска (16.04.2012) пред владината зграда по убиствата на 5 те луѓе во Смиљковци. Протестот прерасна во насилна демонстрација. Демонстрантите фрлаа камења врз владата а беа оштетени и полициски автомобили.
Во Осло (16.04.2012) започна процесот против десничарскиот фанатик Бехринк Бреивик кој лани уби 77 луѓе. Триесет и три годишниот Бреивик се соочува со обвинија за тероризам и масовно убиство во летниот камп на Норвешката Лабуристичка Партија. Бреивик, кој ја одбива легитимноста на судот, изјави дека убиствата биле знак на протест против имиграционата политика на земјата. Негова цел била да ја заштити Норвешка од муслиманите. ( АП видео)
Авганистанските сили одговорија на нападите со бомби и автоматско оружје врз Кабул на 15 Април чија цел беа авганистанските и објектите на западните земји во дипломатскиот кварт на градот и врз зградата на Парламентот. Видео на РСЕ - Радио Слободен Авганистан
Интервју со македонскиот режисер Александар Поповски
Стотина граѓани од селата Црешево и Радишани блокираа патишта по убиствата на петмина нивни соселани. Бараа целосно расветлување на случајот и откривање и апсење на сторителите.
Владимир Путин, во последното обраќање како премиер во Думата, истакна дека мерките во 100 чекори довеле Русија од 120-то да стигне до 20-то место во светот според атрактивноста за странски инвестиции. Тој ги повика политичките партии во Русија да се обединат во интерес на земјата. На 7-ми мај Путин и официјално ќе биде инаугуриран за претседател на Русија.
Цените растат пред празниците, се жалат граѓаните. Велигденската трпеза, од година во година, поскромна.
Верници од цела Македонија доаѓаат во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија и во редици чекаат да ја видат, како што велат во МПЦ, несекојднеаната појава на самопрочистување на фреските.
Интервју со министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
На 6-ти април се одбележуваат две децении од почетокот на војната во БиХ и почетокот на опсадата на Сараево. Тоа беше најдолга опсада на некој главен град во поновата историја и траеше 1.425 дена, а загинаа 11.541 лице.
Годинава се навршуваат 20 години од почетокот на опсадата на Сарево. Новинарката на Рускиот сервис на Радио Слободна Европа, Ирина Лагунина беше известувач од Сараево за време на војната, а го посети и сега. Според неа, Дејтон донесе примирје кое трае, но не и стабилен мир во БиХ.
Претседател на СДСМ
Колку македонското здравство е навистина бесплатно?
Стотици илјади таџикистанци, со почетокот на пролетта заминуваат од земјата на сезонска работа, најчесто во Русија. Тоа им е единствен начин за егзистенција на нивните семејства. Но, во последно време ин е се потешко поради расистичките напади и малтретирањата од полицијата.