недела, мај 20, 2012 Скопје 21:19

Регион

Можни олеснувања за Грција

Големина на буквите - +
17.05.2012
Во неможност да формираат влада по деветдневни преговори, Грците на 17 јуни повторно ќе излезат на избирачките места. Според аналитичарите, новите избори всушност претставуваат референдум за тоа дали земјата треба да остане во еврозоната. Има и такви кои се повеќе заговараат извесни концесии спрема Атина.
мај 2012
16 мај 2012

Младиќ водел кампања за етничко чистење

Екс-командантот на војската на Република Српска е обвинет за геноцид, прогон и други злосторства врз „несрбите“ во текот на конфликтот. Младиќ се изјасни за невин.

15 мај 2012

Грција во или надвор од еврозоната?

Во Атина без многу оптимизам продолжуваат преговорите за состав на влада. По се изгледа не минува ни новиот предлог на претседателот Каролос Папуљас за технократска влада. Истовремено, од официјални преставници на ЕУ пораки дека на Грција и е местото во еврозоната.

10 мај 2012

Тачи - Менување на границите, најлошо сценарио

Безбедносните случувања во Македонија потенцираат колку е кревка ситуацијата во целиот регион, наведува премиерот на Косово Хашим Тачи во коментарот за европската иднина на балканските земјите. Според него, идејата дека границите во Западен Балкан се уште можат да се прецртуваат претставува најголема закана за регионалната стабилност.

09 мај 2012

Грците тешко да формират влада

Во Грција неуспех во напорите да се состави нова влада по неделните избори. Мандатот е сега во рацете на лидерот на радикалната левица СИРИЗА, Алексис Ципрас. Но, поради неговиот негативен став кон пакетот мерки на штедење тешко дека и тој ќе успее. Неизвесноста во Грција и неиспехот на про-европските партии има негативен одраз и врз еврото и кризата во еврозоната.

07 мај 2012

Видео Тадиќ и Николиќ во вториот круг претседателски избори

Сегашниот претседател на Србија Борис Тадиќ и Томислав Николиќ од Српската напредна партија ќе се борат во вториот круг од претседателските избори на 20 мај. Резултатите од вчерашните општи избори покажуваат и дека на изборите за парламентот води коалицијата „Да ја придвижиме Србија“ што ја предводи партијата на Николиќ, пред коалицијата на Демократската партија на Тадиќ, „Избор за подобар живот“.

04 мај 2012

ЕУ главна на изборите и во Грција и во Србија

Изборите и во Србија и во Грција главно се поврзани со перспективите на тие две земји во Европската унија. И додека Грците за нивните економски проблеми ја обвинуваат Унијата, Србите токму во Брисел гледаат надеж за подобрување на економската состојба во земјата.

мај 2012

Календар

Хајд Парк

Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?

Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?

Погледни го видеото

Анкета