недела, мај 20, 2012 Скопје 21:17

Музика

Софиската филхармонија ќе го отвори Скопско лето

Големина на буквите - +
15.05.2012
Софиската филхармонија со нашиот Борјан Цанев како диригент свечено ќе го отвори 33-то Скопско лето. На концертот закажан за 21 јуни во МОБ ќе бидат изведени дела од Стајнов, Лековски, Глазунов и Бетовен, а солист ќе биде Ана Контраденко.
  

Кабадајас го снимија деби албумот

КАБАДАЈАС е ново име на современата македонска музичка сцена и бенд составен од четворица реномирани музичари како Џоле Максимовски, Дино Милосаљевиќ, Горан Бојчевски и Зоран Костадиновски. Тие веќе го снимија својот деби албум чие излегување е планирано за почетокот на јуни, веднаш по нивниот настап на престојниот Штипски џез фестивал.

Мајски оперски вечери во прангите на „железниот репертоар“

Со пет оперски и една балетска претстава кои му припаѓаат на „железниот репертоар“, од 9 до 31 овој месец, ќе се одржат 40-те јубилејни Мајски оперски вечери

40 години Женски младински хор

Со концерт на духовна музика, што ќе се одржи во храмот Пресвета Богородица во Скопје утревечер од 19.30 часот, ќе започне серијата на настани со кои ќе биде одбележана 40-годишнината од делувањето на Женскиот младински хор.

Татарчевски - член на жири на хорски фестивал во Полска

Македонскиот диригент Сашо Татарчевски, изминатиов викенд, беше член на петчленото интернационално жири на престижниот хорски натпревар на Универзитетот за музика во Гдањск, Полска. Ова не е признание само за нашиот уметник, за хорското пеење во земјава туку и воопшто за македонската култура.

Азербејџан - Евросонг и политика

Се говори дека оваа богата со нафта земја ќе потроши над една милијарда долари за се она што е потребно за Евросонгот, бидејќи цени дека станува збор за можност земјата добро да му се претстави на светот.

Чил фолк на Кантон 6

Чил-фолк е насловен деби албумот на скопското дуо КАНТОН 6, музичкиот проект на режисерот Синиша Ефтимов и радиоводителот и диџеј Мирко Попов.

Промоција на „Збогум“ на Бла Бла Бла

Latumire или во превод Збогум е насловен третиот албум на групата БЛА БЛА БЛА, чија концертна промоција ќе се случи во скопскиот клуб Хавана.

Прв албум на Марија Џез Трио

Make Someone Happy е насловен албумот на МАРИЈА ЏЕЗ ТРИО чија промоција се одржа денеска во Скопје. Се работи за дебитанско издание на џез пејачката Марија Димитиевиќ – Георгиева и нејзините соработници, зад кое како издавач застана Скопје џез фестивал.

Били Ајдол во Скопје

По легендарниот Боб Дилан, промотерската куќа Авалон продукција, со концерт на уште едно големо име од светскиот рокенрол во Македонија – Били Ајдол. Тој ќе настапи во недела, од 22 часот, на сцената на Скопско кале.

  

Хајд Парк

Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?

Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?

Погледни го видеото

Анкета