недела, мај 20, 2012 Скопје 21:09

Култура

Се отвора Театар Комедија во Скопје

Големина на буквите - +
31.01.2012
Со идеја за жанровско профилирање на театрите во Македонија, во Скопје, како седми по ред професионален ансамбл, промовиран е новосоздадениот ТЕАТАР КОМЕДИЈА. Во оваа нова национална установа ќе работат девет актери, а во 2012 година ќе бидат подготвени три проекти кои ќе се играат на сцената на Драмски театар.
јануари 2012
30 јануари 2012

Кармен Ризо првпат пред македонска публика

Американскиот електронски артист и продуцент Кармен Ризо, на два пати номиниран за наградата „Греми“, в среда ќе има свој диџеј сет во скопскиот клуб „Кензо Танге“. На ова случување ќе му претходи негово прогласување за почесен професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА.

29 јануари 2012

Албум на Синтезис и Наум Петрески

Македонскиот етно-состав СИНТЕЗИС деновиве го сними материјалот за својот нов албум на кој како гостин се јавува пејачот Наум Петрески.

26 јануари 2012

Изложба - Белешки од киоскот за цигари и весници 4

Белешки од киоскот за цигари и весници 4 е насловена изложбата на цртежи на уметникот Миле Ничевски што ќе биде отворена утревечер, во 20 часот и 30 минути, во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје. Се работи за продолжување на започнатиот циклус, овојпат со акцент на македонската стварност.

25 јануари 2012

Монодрама „Јас, Љубам, Бог“

„Јас, Љубам, Бог“ е насловена четвртата претстава на Буден театар. Монодрамата е авторски проект на Милиана Ленак базиран на збирките „Хенри и Џун“ и „Инцест“ од едицијата нецензурирани дневници на писателката Анаис Нин - „Дневник на љубовта“.

24 јануари 2012

Изложба Акварели во чест на Љубомир Белогаски

Со последната, седма по ред, изложба АКВАРЕЛИ ВО ЧЕСТ НА ЉУБОМИР БЕЛОГАСКИ на авторот Војко Јаневски од Велес, што ќе биде отворена утревечер во Музеј на град Скопје, завршува циклусот посветен на 100 годишнината од раѓањето на големиот македонски мајстор на акварелот и хуманист и 20 годишнината од формирањето на Галеријата „Љубомир Белогаски“.

23 јануари 2012

Семејното насилство на театарска сцена

„Мојот човек“ е театарска претстава што ја потпишуваат актерките Катерина Коцевска и Јасмина Поповска. Со овој проект Македонскиот народен театар во Скопје се вклучува во кампањата за борба против семејното насилство.

17 јануари 2012

Богата годишна изложба на ДЛУМ

120 творци, со дела работени во сите категории и техники, се претставени на годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, што ќе биде отворена вечерва во Музеј на Град Скопје.

16 јануари 2012

Кога зградите стануваат скулптури

Архискулптура е насловена третата самостојна изложба на младиот уметник Андреа Шимбов, што ќе биде отворена на 18 јануари во МКЦ. Ќе бидат изложени една инсталација и десетина објекти, а поставката е дел од второто одбележување на глобалниот настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА.

15 јануари 2012

Четири минути и 33 секунди на Македонската филхармонија

Со премиерни изведби на дела на славниот американски авангарден композитор Џон Кејџ, нашиот Александар Пејовски и Бразилецот Неи Росарио, во вторник на 17 јануари, Македонската филхармонија ја започнува годинашната серија на перформанси од циклусот Кирилица.

12 јануари 2012

Роденеден на уметноста во МКЦ

Со ревија на филмови, театарски претстави, изложби и концерти Младинскиот културен центар од Скопје, во среда на 18 јануари, по втор пат, ќе го одбележи меѓународниот настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА.

11 јануари 2012

Поезија на Етернијан објавена во Непал

Песни на поетот Јовица Тасевски Етернијан деновиве се објавени во новиот број на непалското списание за литература, култура и уметност Апликант, а нешто пред тоа и на страниците на романскиот книжевен портал Уметничка република.

10 јануари 2012

Вива Верди за Василица во МОБ

ВИВА ВЕРДИ е насловен оперскиот концерт што овој четврток и петок, со почеток во 20 часот, ќе се одржи на сцената на Македонската опера и балет, во чест на празникот Василица.

09 јануари 2012

Васко Дуковски со кларинет по цел свет

Македонскиот кларинетист Васко Дуковски, кој на крајот на минатата година со неколкумина врвни музичари од светот го потпиша албумот Critical Models со нова серија концертни настапи ја продолжува својата успешна музичка кариера во САД.

07 јануари 2012

Белопета - На Македонија и се потребни уште 7-8 џез-фестивали

Она што јас натаму го посакувам на Скопскиот џез-фестивал и го имам како неотсонуван сон е конечно ние како главен град да добиеме една нормална инфраструктура за вакви настани, вели директорот на Скопскиот џез-фестивал Оливер Белопета во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

јануари 2012

Календар

Хајд Парк

Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?

Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава?

Погледни го видеото

Анкета