За најдобро користење на нашиот веб, препорачуваме да ја надградите најновата верзија или да пробате со друг пребарувач. Следи листата на пребарувачи
Кликнете на иконата за да ја симнете страницата
Ќе влезе ли или не, Македонија во НАТО на следниот Самит во Чикаго? Оптимизам постои, но експертите посочуваат дека Македонија нема да се најде на дневен ред.
Не е лошо да се има кодекс за однесување на пратениците, но наместа кодексот се претерал, па има одредници кои дури се навредливи за самите пратеници, сметаат дел од народните избраници.
Власта се надева дека Грција нема да се противи прашањето за Македонија да биде ставено на дневен ред на Самитот на НАТО во Чикаго.
Опозициските партии сметаат дека премиерот залудно ја бара вината во опозицијата за меѓуетничките тензии. Тие порачуваат сторителите да се најдат и да бидат казнети. Полицијата се уште работи на расветлување на настаните.
Отворањето на Пандорината кутија може да биде опасно за регионот и за Македонија. Тоа би значело зголемување на апетитите.
Меѓуетничките инциденти многу удираат на емоциите на граѓаните на двете страни, на религиозните и етничките чуства. Играњето со шкорчиња и играњето со меѓуетничките односи во Македонија на кое било ниво е премногу опасно за да може да биде интерпретирано дека е некаков вовед во локални избори, вели потпретседателот на СДСМ, Гордан Гeоргиев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Во огнот на конфликтот 2001-ва година, Македонија потпиша спогодба за асоцијација и стабилизација со ЕУ. И по се изгледа овие „успешните истории“, ги разбрануваа матните умови да играат опасно пред самитот на НАТО во Чикаго и европската агенда, пишува за РСЕ Кренар Лога од Демократската Младина на ДПА
Какво е искуството на странците во Македонија, на оние со привремен престој, кои се школуваат, кои тука формирале семејство или работат..., пишува Ана Жежоска од Коалицијата на младински организации СЕГА
Претседателот на Антикорупциска комисија Воислав Зафировски најави прекршочна пријава за Црвенковски за непријавен имот и кривични пријави за генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, за управителот на А1 телевизија, Славко Нинов и за управителот на „Плус продукција“, која ги издаваше згаснатите весници Шпиц, Време и *** е ре, за незаконско финансирање на предизборната кампања на СДСМ.
Антикорупциска донесе одлука за непријавениот имот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на Корчула и во Белград. Ќе следуваат и пријави за неправилно финансирање на изборната кампања на СДСМ.
Вестите од економијата се губат во морето информации за меѓуетничките тензии во струшко.
Се запоставува граѓанското општество на сметка на поделеноста. Политичките елити се затвораат околу своите интереси запоставувајќи ги состојбите меѓу граѓаните, коментираат аналитичарите.
Марјан Додовски не може да му зададе посериозен удар на Љубчо Георгиевски, но дискутабилно е колкава е реалната политичка моќ на Георгиевски, велат аналитичарите.
Овој режим, после растурањето на медиумскиот простор, сега прави обид и за растурање на опозициските партии во Македонија, изјави Љубчо Георгиевски.
Комитетот за односи меѓу заедниците расправаше за подгревањето на меѓуетничките тензии и инцидентите во струшко.
Можеби никогаш нема да се докаже кој ги пали меѓуетничките односи во Македонија, но јасно е дека одговорноста за состојбите во државата е во рацете на власта. Истрагата е во тек, а засега од власта апели за смирување на ситуацијата. И додека од СДСМ денеска се недостапни за коментар, од ДПА тврдат дека зад ова стојат структури на власта за покривање на неуспеите на меѓунроден план.