Достапни линкови

Трамп - Добрите односи со Русија би биле предност


Трамп сака подобри односи со Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00

Трамп за односите со Русија

Ако Путин го сака Доналд Трамп, тоа го сметам за предност, бидејќи имаме лоши односи со Русија, посочи избраниот американски претседател на неговата прва прес-конференција по изборите.

Избраниот американски претседател Доналд Трамп на денешната прва прес-конференција по изборите која се одржа во Трамп кулата изјави дека наводите оти руски оперативци имале компромитирачки персонални и финансиски информации за него се лажни и дека биле креирани од, според него, болни луѓе. Наводите биле дел од извештајот за руското мешање во претседателските избори и со нив биле запознати само претседателот Барак Обама, Доналд Трамп и осуммина конгресмени.

„Мислам дека е срамота што овие информации излегоа во јавноста, ги видов и прочитав информациите надвор од средбата. Се работи за лажни вести кои не се случиле и потекнуваат од нашите противници“, рече Трамп.

Според него, некој надвор од средбата ги објавил информациите, а што се однесува до хакерските напади, Трамп посочи дека мисли оти зад нив стои Русија, но и дека такви напади се случуваат и од други земји. Тој порача дека ќе работи на спречување на сајбер нападите.

Во врска со обвинувањата дека сајбер нападите биле со цел рускиот претседател Владимир Путин да му помогне во кампањата, Трамп рече дека добрите односи со него ги смета за предност.

„Ако Путин го сака Доналд Трамп, тоа го сметам за предност, бидејќи имаме лоши односи со Русија“, посочи Трамп.

Тој посочи и дека не знае дали ќе се согласува со Путин и изрази надеж дека тоа ќе се случи иако не верува. Тој истакна и дека нема никаков договор со Русија, ниту пак некакви зделки во земјата или, пак, заеми како инвеститор во недвижности.

Во однос на мерките кои ги преземал неговиот претходник Барак Обама врз Русија поради сајбер нападите, тој рече дека не се согласува оти биле претерани.

Победата на Трамп на изборите беше во сенка поради руските сајбер напади, кои според него немале влијание врз гласањето. Ианугурацијата на Трамп, кој ќе биде 45 претседател на САД, ќе се одржи на 20 јануари.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG