Достапни линкови

Приоритети на претседателските кандидати


Претседателски кандидати
Претседателски кандидати
Со ист заеднички именител, членство во НАТО и ЕУ, но со различен пристап кон решавање на проблемите. Тоа се позициите на двајцата претенденти за иден македонски претседател. Приоритете се јасни, визна либерализација, решавањето на спорот со Грција, влез во Алијансата, но и членство во ЕУ. Горѓе Иванов или Љубомир Фрчковски?!Ако во изминативе 18 години од македонската независност ниту еден од тројцата досегашни претседател Глигоров, Трајковски или Црвенковски, заедно со Владата не успеаа да ги надминат разликите со Грција, сега тоа ќе треба да го направи идниот шеф на државата. Маневарски простор за тактизирање и одолговлекување има сé помалку. Но, за тоа потребно е и да профункционира кохабитацијата помеѓу Претседателот и Владата што во претходниот случај се покажа како неуспешна.

„Доколку и овие избори се успешни, како што тргнала работата, веќе дипломатијата, мислам ќе имаат добар аргумент да ја отворат нашата приказна, да се активираат и да го обезбедат она што го очекуваме.“

„За прашања кои што ја засегаат Македонија, тука веќе до израз мора да дојде исклучително високо ниво на политичка зрелост и дипломатска активност.“

велат екс-амбасадорот Огнен Малески и универзитетскиот професор виктор Дилев. Но опасноста од статус кво ситуација во преговарчкиот процес постои. Прво, затоа што ставот на Иванов е близок до оној на премиерот Груевски кој се залага за компромис, но не по секоја цена што би значело зајакнување на националистичката реторика од македонска страна. Додека концептот на Фрчкоски за итно изнооѓање на решение е во спротивност со политката на Влада што би значело дека тешко ќе биде можно градењето на заедничка стратегија меѓу двете клучни институции.

„Фрчкоски се профилира како про-НАТО, проевропски ориентиран и контра антиквизацијата на македонскиот идентитет.“

„Значи базичен консензус кај македонските граѓани за влез во ЕУ, има без оглед на етничката припадност. Друго е прашањето, значи преговорите со Грција ги засегнува само националните интереси на македонците или на целата држава.“

Рекоа Владимир Мисев од Институтот за демократија и аналитичарот Мухамед Нијази.
XS
SM
MD
LG