Достапни линкови

logo-print

Нови немири во Сирија, војската интервенира со тенкови


Сведоци тврдат дека слушнале истрели од огнено оружје во ситријскиот град Дара денеска. Вооружените сили во понеделникот со тенкови влегоа во градот во југот на земјата. Станува збор за прва интервенција со тешка артилерија за растурање на анти-владините протести кои во Дара траат шест недели. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Башар ал Асад. Сиријските активисти за човекови права тврдат дека симпатизери на про-демократските сили биле апсени низ целата земја а проценките за бројот на жртви во немирите се различни. Соединетите американски држави ги разгледуваат можностите за нови санкции поротив властите во земјата, кои претходно беа казнувани поради подржување на милитанти.
XS
SM
MD
LG