Достапни линкови

СРД се буни, кампањата си врви


Претседателот на СРД Зоран Стефановски

Претседателот на СРД Зоран Стефановски

СРД најави кривични пријави против Службен весник, зашто не ги објави правилниците што забрануваат политичко рекламирање пред почетокот на кампањата.

Кривични пријави за повреда на изборниот процес и за злоупотреба на службена должност и овластување против овластени лица во Службен весник најави претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски.
После тоа, работата стана уште потрагикомична, за на крајот околу 16 часот да добиеме известување од Службен весник дека нашите правилници не биле во ред и немало да ги објават затоа што немале мислење од ДИК.

Тој бара судска разврска зашто Службениот весник одби да го објави правилникот за однесување на радијата и телевизиите пред почетокот на предизборната кампања и правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања.
На седница во четвртокот, Советот ги донесе двата правилници, со кои им се забранува на телевизиите и на радијата да емитуваат реклами на политичките партии пред да почне предизборната кампања. Стефаноски вели дека правилниците веднаш ги испратиле во Службен весник со назнака за итно објавување затоа што „тие се од огромна важност за парламентарните избори“.

„После тоа, работата стана уште потрагикомична, за на крајот околу 16 часот да добиеме известување од Службен весник дека нашите правилници не биле во ред и немало да ги објават затоа што немале мислење од ДИК. Значи, Службен весник влезе во коментар на законот.“

Политичките реклами се уште не се на пауза до почетокот на кампањата.

Правилникот стапува во сила кога ќе се објави во Службен весник. Поради тоа што се уште не е забрането, за велигденскиот викенд бевме сведоци на агресивен политички маркетинг. Службен весник го известил Советот дека ќе ги објави правилниците кога ќе достават мислење од ДИК. Претходно, ДИК ја симна од дневен ред точката на која требаше да расправа за правилниците на СРД и да даде мислење за нив, но и покрај тоа, на истекот на законскиот рок, Советот го донесе правилниците. Службен
Имаме пет изгубени дена во кои што настана комплетен хаос, а тоа го искористија малтене сите политички партии и со самото тоа се доведе во прашање и регуларноста на изборниот
процес.
весник нема право да ги оценува, туку само да ги објави правилниците, дециден е Стефаноски.

„Се изгубија четврток, петок, сабота, недела и понеделник. Имаме пет изгубени дена во кои што настана комплетен хаос, а тоа го искористија малтене сите политички партии и со самото тоа се доведе во прашање и регуларноста на изборниот процес.“

Уште неколку дена кампања

Директорот на Службен весник Тони Трајанов вели дека нивните служби ги добиле правилниците во четвртокот доцна попладне. Во ниеден момент не било доведено во прашање нивното објавување, дециден е Трајанов.

Директорот на Службен весник Тони Трајанов

„Постапуваме по усвоени и востановени принципи на нашето работење и делување. Тоа не се однесува само на Советот за радиодифузија. За сите институции, доколку имаме одредени сознанија, мислења или слично, бараме дополнителни информации, чисто од информативен карактер за нашата институција. Не навлегуваме во толкувањето на било кој акт, едноставно постапуваме согласо Уставот и законот на кој сме обврзани.“

Трајанов вели дека правилниците, согласно Уставот и законите, ќе бидат објавени во првиот нареден број на Службен весник.

РСЕ: Тоа значи дека правилниците ќе бидат објавени денеска?
Правилниците, согласно Уставот, ќе бидат објавени седум дена од денот на донесувањето, во првиот нареден број. Имаме ние уредувачка политика за која што нема да одиме надвор од законската регулатива. Се ќе си биде објавено како што треба.

„Правилниците, согласно Уставот, ќе бидат објавени седум дена од денот на донесувањето, во првиот нареден број. Значи, комплетираме, не само правилници, имаме и други акти, документи... Имаме ние уредувачка политика за која што нема да одиме надвор од законската регулатива. Се ќе си биде објавено како што треба. Нигде не стои такво нешто дека сме одбиле или ќе одбиеме објавување на акт“, вели директорот на Службен весник Тони Трајанов.

На постапката на Службен весник реагира и Македонскиот институт за медиуми.


„Ваквото постапување на Службен весник на Р.М. е во спротивност со европските стандарди и преставува мешање во независноста на радиодифузниот регулаторен орган.


МИМ, како граѓанска организација која 10 години придонесува во развојот на независноста и професионализмот во медиумите, оценува дека ваквото однесување на државните институции кои немаат никакви надлежности и компетенции во врска со регулирањето и функционирањето на медиумите го усложнува процесот на подготовки за фер и демократски избори, создава простор за манипулација на (пред)изборниот процес и придонесува за понатамошно директно влијание на политиката врз медиумите“, се наведува во соопштението од МИМ.

Опозицискиот СДСМ обвини дека, иако е спротивно на Закон, Владата да се рекламира после распишување на изборите, сепак владата, само во изминатиот месец потрошила повеќе од еден милион евра, само за реклами. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ врати дека тоа се „манипулации и лаги“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG