Достапни линкови

logo-print

Затворање на раните од конфликтите


Ваксинце, 2007 година

Ваксинце, 2007 година

Иницијатива за регионална комисија за утврдување на фактите поврзани со војните од 1991 до 2001 година во екс-Југославија.

Македонија има потреба од затворање на пост-конфликните рани исто како и останатите земји од регионов, затоа што, условно кажано „завојуваните страни “ се уште негуваат своја „вистина“ за настаните и се сеќаваат само на жртвите од своја страна. Потребата да се утврдат вистинските факти и да се признаат неправдите нанесени на граѓаните вроди со иницијатива за создавање на регионалана комисија за утврдување и јавно изнесување на
Би сакале комисијата да помогне во расветлување на судбината на исчезнатите. Би сакале да се направи регистар на жртви, кој ќе биде јавно достапен.
фактите за воените злостортва и прекршувањето на човековите права поврзани со војните од 1991 до 2001 година во поранешна Југославија.

Невладини органзизации од Македонија се приклучија на оваа иницијатива и денеска во 5 до 12 часот симболично ја почнаа кампањата за собирање на милион потписи за формирање на регионална комисија. Ова акција во исто време започна во сите главни градови на земјите од поранешните југословенски републики.

Логото на РЕКОМ

Координаторот на иницијативата за РЕКОМ за Македонија, Боро Китаноски, вели дека sme сведоци оти процесите на помирување по конфликтите на Балканот течат бавно, жртвите од војните добиваат внимание само на определени церемонии и затоа е потребна комисија која ќе помогне да се утврдат фактите за воените злосторства, ќе потсетува на жртвите и ќе расветли дел од општетвено-политичките околности кои придонеле за избувнување на воените конфликти.

„Би сакале комисијата да помогне во расветлување на судбината на исчезнатите. Би сакале да се направи регистар на жртви, не сме имале никогаш, кој ќе биде јавно достапен за сите граѓани по завршувањето на работата на комисијата.“

Китаноски додава дека Македонија има потреба на ваков начин да ја затвори темата за конфликтот од 2001 година.

„Факт е дека кај нас трауматично се доживуваат жртвите и степенот на нетрпение помеѓу големите етнички заедници е поприлично висок. Ова се индикатори дека имаме жив конфликт со отворени рани кои не се третираат. Исто така, мислиме дека недоволно се работи на конфликтот. Често,
Додека не се дојде до заедничка вистина, малку е проблем да се надмине конфликтот, затоа што страните од конфликтот продолжуваат со своите вистини. И додека тоа се случува не можете вие да дојдете до заедничка вистина и да почнете суштински да го решавате
проблемот.
единствени кои говорат за конфликтот се актерите, кои сами учествувале во конфликтот, но и луѓе на истакнати политички функции.“

Политикологот Алеберт Муслиу вели дека процесот на заздравување од конфликтините рани е болен, но вистината ослободува.

„Додека не се дојде до заедничка вистина, малку е проблем да се надмине конфликтот, затоа што страните од конфликтот продолжуваат со своите вистини. И додека тоа се случува не можете вие да дојдете до заедничка вистина и да почнете суштински да го решавате проблемот.“

Тој додава дека со серизоното пристапување кон една ваква иницијатива ќе се олесни процесот на надминување на проблемите и подобрување на меѓуетничките односи во земјата.

Кампањата во Македонија ќе трае 6 недели и ќе се одвива во Скопје, Битола , Штип, Струга и Тетово. Откако ќе заврши собирање на потписите, тие ќе се предадат на Парламентиte во сите држави од поранешна Југославија.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG