Достапни линкови

Турција го отстранува споменикот за помирувањето со Ерменија


На турската страна од границата со Ерменија денеска почна отстранувањето на гигантската скулптура која беше изграден вао чест на помирувањето меѓу Турција и Ерменија. 35-метарскиот споменик беше критикуван во Турција бидејки бил поголем од локалната џамија. Во јануари и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, при посетата на тоа место, оцени дека скулптурата е грдосија, што ги поттикна локалните власти да ја отстранат. Уметниците безуспешно се обидуваа да го зачуваат споменикот, а еден уметник беше избоден со нож бидејки одржа говор против уривањето на споменикот.
XS
SM
MD
LG