Достапни линкови

Почна увидот во избирачкиот список


Македонските граѓани во наредните десеттина ќе можат да направат увид во Избирачкиот список. Увидот почна вчера, а ќе трае до 4 мај. По затворањето на јавниот увид, Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список, во кој се извршени сите промени кои произлегле од увидот, најдоцна 10 дена по завршениот увид, односно до 14 мај. Заклучениот избирачки список ДИК го потпишува најдоцна 10 дена пред одржувањето на изборите, односно на 25 мај.
XS
SM
MD
LG