Достапни линкови

Жестоки борби во Мисрата


Жестоки борби се водат во градот Мисрата во Либија за кој се верува дека е под контрола на бунтовниците. Иако медиумите јавија дека силите на лидерот Моамер Гадафи се повлекле од градот, сепак нема прекин на гранатирањето на градот. Силите на Гадафи извршиле напади со артилерија во западниот дел на Либија, тврдат бунтовници и бегалци. Италија соопшти дека нејзините воени авиони ќе им се придружат на британските и француските во бомбардирање на либиски цели за прв пат откако НАТО силите ја започнаа акцијата.
XS
SM
MD
LG