Достапни линкови

Италија ќе се приклучи кон сојузниците против Либија


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави синоќа дека Италија ќе се приклучи кон стратегиските воздушни напади врз Либија. Подоцна од кабинетот на Белускони соопштија дека Берлускони разговарал телефонски со американскиот претседател Барак Обама и дека во разговорот потврдил дека Италија одлучила да ги зголеми своите воени активности за да придонесе за заштита на цивилите. Претходно Италија одбиваше да учествува во воздушните напади врз либиски цели. Во писменото соопштение е наведено дека „италијанските воздушни напади би биле само врз специфични воени цели“
XS
SM
MD
LG