Достапни линкови

logo-print

Уништена резиденцијата на Гадафи


Авиони на НАТО вчера ја ракетираа и уништија резиденција во комплексот на либискиот лидер Моамар Гадафи во Триполи, при што биле ранети 45 лица, јавуваат новинските агенции.
Либиските власти го оценија нападот како обид за убиство на Гадафи. За време на викендот, НАТО ги засили нападите од воздух врз цели околу Триполи. Во меѓувреме бунтовниците во Мисрата успеале да ги избркаат силите на Гадафи надвор од градот. Според информациите на организации за заштита на човекови права над илјада луѓе загинале во Мисрата .
XS
SM
MD
LG