Достапни линкови

Австралиски парламентарец во Прилеп


Австралискиот парламентарец Лук Симпкинс и прилепскиот градоначалник Маријан Ристески на средба во Прилеп.

Австралискиот парламентарец Лук Симпкинс и прилепскиот градоначалник Маријан Ристески на средба во Прилеп.

Австралискиот парламентарец Лук Симпкинс вети натамошна поддршка во решавањето на спорот со името со Грција.

Натамошна поддршка за решавање на спорот со името со Грција и заложби за привлекување на свежи инвестиции пред се од страна на Македонците кои живеат во Австралија, вети австралискиот пратеник Лук Симпкинс,
Она што ние го почитуваме се напорите на Македонија да работи конструктивно со Грција за да ги конечно го реши спорот со името. Зборував со министерството и со сите власти за Македонците и поддршката што австралискиот Парламент е подготвен да ја даде за
Македонија.
член на парламентарната група за пријателство и соработка со Македонија, при неговата средба со прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, за време на првиот престој во Македонија.

„Она што ние го почитуваме се напорите на Македонија да работи конструктивно со Грција за да конечно го реши спорот со името. Зборував со министерството и со сите власти nа Македонците и поддршката што австралискиот Парламент е подготвен да ја даде за Македонија. Писмено сум се обратил и до министерот за надворешни работи и до федералниот Парламент. Огромна е поддршката за уставното име на Македонија од страна на Австралија“, изјави австралискиот парламенарец.

Тој потврдува дека спорот со името се рефлектира и во односите меѓу Македонците и Грците во Австралија, но смета дека само овде во Македонија може да се реши тоа прашање. Симпкинс смета дека проблемот треба што поскоро да се реши, зашто како што вели, местото на Македонија е во евроатланските асоцијации.

Прилеп

„Исто така се стремам и се радувам на иднината на Македонија, која што ја гледам како членка на НАТО и ЕУ, за да може да ги истористи сите оние бенефиции како и останатите држави.“

Парламентарецот Симпкинс посочи на поддршката што ја има од Македонците, затоа вели ќе продолжи да лобира за нив.

„Во мојата изборна единица живеат околу 2.000 македонски државјани и во сите мои средби со нив, мој заклучок е дека се интересираат за се што
Исто така се стремам и се радувам на иднината на Македонија, која што ја гледам како членка на НАТО и ЕУ, за да може да ги истористи сите оние бенефиции како и останатите држави.
се случува во нивната татковина, во Македонија. Тоа е причината што и досега и натаму ќе ги застапувам нивните интереси.“

Фасциниран од престојот во Прилеп и околината, Симпкинс вети дека не само на Македонците, туку и на бизнис-секторот воопшто ќе им ги објасни поволностите за инвестирање.

„Она што најпрвин ќе го направам по враќањето во Австралија, на сите средби со бизнис секторот, ќе им ја препорачам Македонија, секој кој има можност да дојде и да ги погледне опциите за инвестирање во оваа држава.“

Градоначалникот Ристески му ги презентираше на Симпкинс бенефициите што ги дава локалната самоуправа за странските инвеститори, но и потенцијалите со кои располага прилепскиот регион.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG