Достапни линкови

САД ја разгледуваат можноста за санкционирање на Сирија


Соединетите американски држави ја разгледуваат можноста за санкционирање на сиријски државни службеници поради насилното однесување на безбедносните сили при растурањето на протестите во земјата. Портпаролот на Советот за национална безбедност Томи Виетор рече дека Америка разгледува „повеќе политички можности, меѓу кои и специфични санкции, како одговор на насилството, се` со цел да стане јасно дека однесувањето на властите е неприфатливо“. Активисти за човекови права и очевидци тврдат дека безбедносните сили со тешка артилерија го нападнале градот Дера. Демонстрантите во ова населено место бараат оставка од претседателот Башар ал Асад. Тенкови пукаат во градот а низ улиците има мртви тела, тврдат очевидци. Активистите за човекови права, пак, проценуваат дека 25 лица загинале при денешниот напад. Повеќе од 360 лица загинаа од почетокот на протестите во Сирија до денеска.
XS
SM
MD
LG