Достапни линкови

Германија ќе се заложи за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?


Германија ќе се заложи Македонија да ги почне преговорите за влез во Европската унија. Спорот за државното име на земјава со Грција, Владата во Берлин планира да го постави на дневен ред на Бундестагот, пишува македонскиот магазин за политика, економија и култура „Револуција“ во саботното интернет издание. Како што јавува медиумот, Германија ќе настојува да помогне спорот да се надмине или да не влијае на влезот на Македонија во НАТО и на почетокот на преговорите со ЕУ. Ваквата констатација произлегува од документот на германското Министерство за надворешни работи испратено до пратеникот Штефан Либих.
XS
SM
MD
LG