Достапни линкови

Васлиу: ЕУ ќе преговара со Србија ако се постигне договор за Косово


графит во Белград

графит во Белград

Европската унија ќе започне преговори за придружување на Србија оној момент кога Белград и Приштина ќе постигнат договор за Косово, или кога Брисел ќе биде сигурен дека ќе дојде до договор, оцени поранешниот претседател на Кипар Јоргос Васлиу. Во интервју за Танјуг, тој изјави дека постои потреба да дојде до мирно решение меѓу Белград и Приштина и дека тоа ќе биде моментот на почеток на преговори со Србија. Василиу изрази очекување сите поранешни југословенски републики да станат членки на ЕУ и за тоа, како што рече, нема сомнеж, а изгледите за Србија, Хрватска, Македонија и Црна Гора се „толку добри, колку што самите земји ќе ги направат“.
XS
SM
MD
LG