Достапни линкови

Отворена спомен - куќата на Тоше Проески


Тоше Проески

Тоше Проески

На Гумење во Крушево од денеска за посетителите е отворена спомен-куќата на Тоше Проески, во која над 350 автентични експонати раскажуваат за детството, тинејџерските години, врвот на кариерата и вербата и хуманоста на покојната македонска музичка ѕвезда. Во присуство на голем број гости од цела Македонија, објектот во форма на крст, изграден од стакло и бетон на површина од околу 870 метри квадратни, свечено го отвори премиерот Никола Груевски, придружуван од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, архиепископот г.г. Стефан и министри во Владата. Во централниот дел на објектот има молитвеник и верски предмети што ги поседувал Тоше и неколку негови запишани размислувања за вербата, љубовта, семејството, пријателството. На неколку инфо-точки осетливи на допир ќе можат да се добијат информации за Проески.
XS
SM
MD
LG