Достапни линкови

logo-print

Одбележување на 25 години од несреќата во Чернобил


Нуклеарката во Чернобил по несреќата

Нуклеарката во Чернобил по несреќата

Украина се подготвува за одбележување на 25 годишнината од најголемата нуклеарна несреќа во светот во Чернобил. Експлозијата на реакторот во нуклеарната централа на 26 Април 1986 година создаде облак од радиоактивни честички над голем дел од европскиот континент и примора илјадници жители на Украина да ги напуштат домовите. Украинскиот претседател Виктор Јанучович денеска ќе присуствува на комеморација на жртвите од несреќата во Киев, по што ќе отпатува во Чернобил на местото на експлозијата. Минатата недела на меѓународна донаторска конференција беа собрани 550 милиони евра кои ќе се наменат за изградба на заштитна обвивка околу реакторот.
XS
SM
MD
LG