Достапни линкови

Русија очекува воени провокации од Грузија за Јужна Осетија


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Русија е подготвена да стори се` за да го заштити регионот Јужна Осетија од „воените провокации“ на Тбилиси. Русија имаше кратка војна со Грузија во 2008 година, откако Тбилиси се обиде да ја превземе Јужна Осетија со воен напад. Подоцна, Русија го призна регионот како независна држава. Руските власти не ја исклучуваат можноста за воени провокации од Грузија, рече Лавров. „Може било што да се очекува од актуелниот режим во Тбилиси“ додаде рускиот министер.
XS
SM
MD
LG