Достапни линкови

logo-print

Нов компјутерски вирус идентификуван во Иран


Високорангиран државен службеник тврди дека Иран бил погоден од втор компјутерски вирус во „сајбер војната“ која ја почнале „непријателите на земјата“. Голамреза Јалали, шефот на иранската цивилна одбрана, рече дека новиот вирус се вика „Старс“ и во моментов го испитуваат експерти. Тој не кажа која била метата на вирусот нити пак како бил идентификуван. Минатата година компјутерските системи во Иран беа погодени од вирусот „Стукснет“, кој наводно бил дизајнуран за попречување на развојот на иранската нуклеарна програма. Иран ги обвини Соединетите американски држави и Израел за нападот.
XS
SM
MD
LG