Достапни линкови

Повеќе институции имаат надлежност да го следат финансирањето на партиите во време на избори, но ниту една нема надлежност да санкционира.

Финансирањето на партиите во предизборниот период треба да биде набљудувано од неколку инистуции, односно повеќе институции се надлежни, но никоја од нив нема единствена обврска да го следи финансирањето. Претседателката на невладината организација „Транспаренси Интернеjшнaл“, Слаѓана Тасева, вели дека најголемиот проблем е во тоа што во Македонија
Неофицијално кога ги следиме, кога правиме мониторинг на сите објави во медиумите, билборди итн, излегува дека трошат три-четири пати повеќе од тоа што е дозволено. Никогаш партиите не се однесуваат согласно законот.
има дисперзиран систем на следење на изворите на финансирање на партиите - за тоа се надлежни Државната изборна комисја, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Државната изборна комисија, но на крај, никоја од нив нема конкретна надлежност да изрече санкција или да поведе постапка доколку не се почитува некое правило.

„Како што е правилото да се објават донаторите, да се објават извештаите... Значи досега не сме имале можност за ефикасно постапување во овој дел. Институциите тоа не го прават, едноставно.“

За време на избори партиите трошат по три-четири пати повеќе од дозволеното, велат експертите
Еден од проблемите во следењето на финансирањето на партиите е и недореченоста во законите, односно финасирањето во предизборната кампања се следи по Изборниот законик, додека за останиот период тоа е регулирано со Законот за финансирање на партии. Партиите имаат обврска да достават извештаи за финасирањето за 20-те дена од предизборната кампања.

Тасева вели дека кога неофицијално е започната кампањата е период кој не е регулиран со ништо и остава простор за злоупотреби затоа што за овој период немаат обврска да достават извештај. Таа додава дека досегашното искуство од изборите покажало дека партиите официјално покажуваат дека потрошиле пари колку што е дозволено со законот.

„Неофицијално кога ги следиме, кога правиме мониторинг на сите објави во медиумите, билборди итн., излегува дека трошат три-четири пати повеќе од тоа што е дозволено. Никогаш партиите не се однесуваат согласно законот.“
Се покажува дека таквите лица не даваат за да ги враќаш во смисла на кредит, туку даваат за да неколку кратно после тоа им бидат вратени, да речеме да бидат кренати рампите на царината, да не ги фаќа царинската контрола, УЈП да неможе да ги контролира
итн.

Партиите во основа тврдат дека нивните членови и некои помали фирми се финансиери на политичките партии.

Членот на Антикорупциската комисија Илми Селами вели дека искуството на комисијата покажало дека парите што се слеваат во партиите не секогаш имаат јасно потекло.

„Во досегашното работење на Комисијата, се покажува дека таквите лица не даваат за да ги враќаш во смисла на кредит, туку даваат за да неколкукратно после тоа им бидат вратени, да речеме да бидат кренати рампите на царината, да не ги фаќа царинската контрола, УЈП да неможе да ги контролира итн.“

Тој додава дека финансирањето на политичките партии, од 90-тите години па навака е една од најкорумпираните области.

„Кога говориме за спречување на корупцијата во политиката, прво мислиме токму на нивното финансирање како политички партии во време на избори.“

Дел од одговорноста за неефикасноста во контрола на финансирањето на партиите не е во мноштвото институции туку во неспроведувањето на своите надлежности до крај, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG