Достапни линкови

logo-print

Протести во Јемен, полицијата стрела кон демонстрантите


Безбедносните сили во Јемен стрелале кон демонстрантите во градот Таиз денеска. Активисти и очевидци сведочат дека вооружените сили пукаат и фрлаат солзавец за да растурат десетици илјади насобрани во градот во југот на земјата, кои бараат оставка од претседателот Али Абдула Салех. Активистите велат дека неколкумина се повредени, а неколкумина се хоспитализирани со прострелни рани. Салех е на власт 32 години. Минатата недела неговата партија прифати план за негова смена во рок од 30 дена, но демонстрантите бараат Салех веднаш да отстапи од лидерската функција и кривично да одговара.
XS
SM
MD
LG