Достапни линкови

logo-print

МНР: Македонците да останат надвор од 80 километарска зона од Фукушима


Министерството за надворешни работи ги советува македонските граѓани кои се наоѓаат во Јапонија, да останат надвор од зоната од 80 километри од нуклеарната централа Фукушима Број 1, бидејќи иако ризикот од радијација е намален, постојат одредени здравствени ризици.
Препочачуваме, сите што се уште се наоѓаат во засегнатите подрачја, да ги напуштат во најкус можен рок. Напоменуваме дека во регионите надвор до 80 километарската зона, вклучително и во Токио, здравствените ризици се ниски и нема опасност по здравјето на луѓето кои престојуваат таму.
Министерството напоменува и дека и во наредниот период во Јапонија која се наоѓа на сеизмички активна област, може да се очекуваат бројни пост-влијанија од силниот зејмотрес од 11 март 2011 година
XS
SM
MD
LG