Достапни линкови

logo-print

Инцко - референдумот во Република Српска не е решение


Валентин Инцко

Валентин Инцко

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко оцени дека на раководството на Република Српска му останало уште малку време за размисли дали планот за референдум е во интерес на граѓаните, бидејќи меѓународната заедница нема да дозволи надлежностите на Судот и Обвинителството на БиХ да се поништат.
Според Инцко, не може да има никакви преговори за надлежностите кои државата ги добила со Дејтонскиот мировен договор.
Ако партиите сакаат повторно да преговараат за надлежностите, тогаш тоа мора да го направат преку конструктивен процес на уставни реформи, смета високиот претставник.
Парламентот на Република Српска на 13 април ја прифати одлуката на претседателот Милорад Додик за распишување референдум на кој граѓаните на овој ентитет треба да се изјаснат дали ги поддржуваат законите кои ги воведе Инцко, посебно за Судот и Обвинителството на БиХ.
XS
SM
MD
LG