Достапни линкови

Србија - Балкански лидер!


Белград 16 април - протести на опозицијата

Белград 16 април - протести на опозицијата

Изјавите на српските официјални преставници дека Србија е, или ќе биде регионален лидер, за многу аналитичари и странски политичари, се нерални. Тоа лидeрство за кое тие зборуват, според нив, е мешавина на мегаломански митови, провинцијализам и нереални желби.

Србија има потенцијал да стане регионален лидер и да промовира добро соседство меѓу државите. Ова неодамна во САД го изјави српскиот премиер Мирко Цветковиќ и е последна од изјавите на тема српското лидерство на Балканот, која, од време на време, се исфрла од Белград.

Германската европска пратеничка Франциска Катарина Брантнер во изјава за нашиот дописник од Белград Бранка Тривиќ не е уверена дека Србија е лидер во регионот.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и српскиот Претседател Борис Тадиќ

„Србија секако има многу важна улога во регионот. Таа е регионален фактор, но лидерството подразбира другите да ве следат. А јас не сум сигурна дека другите држави во регионот го следат примерот на Србија. Јас имам прилично голем сомнеж во нејзината лидерска позиција“, изјави Брантнер.

Ласло Варга – Претседател на собранискиот одбор за европска интеграција вели дека оценките за српското лидерство кои доаѓаат од офиијален Белград не придонесуваат за напредок на меѓусоседските односи.
Генерално мислам дека тие изјави се наменети за домашната јавност и не придонесуваат за амбициите на една земја да стане лидер.

„Генерално мислам дека тие изјави се во основа пораки упатени до домашната јавност, иако понекогаш и до соседите. Тие во суштина не придонесуваат на амбициите на една земја навистина стане лидер. Имено лидерството не се постигнува со изјави туку со исполнување одредени стандарди во политичка и во економска сфера.“

Србија, велат аналитичарите, се соочува со внатрешна политичка криза. Нејзината судбина ја кројат тајкуни и корумпирани политички елити.

Во Србија, како што јавува Слободна Европа од Белград, има 700 илјади гладни и еден милион невработени граѓани.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG