Достапни линкови

Големо бегство од затворот во Кандахар


Затворот во Кандахар

Затворот во Кандахар

Речиси 500 затвореници, повеќето талибански милитанти, избегале минатата ноќ од затвор во Кандахар - јужен Авганистан. Талибанците од надвор ископале подземен тунел долг десетици метри.
Нивниот портпарол Кари Јусуф Ахмади изјави дека стотици од избеганите се талибански команданти, а многу други се талибански борци.
Во затворот имало 1200 затвореници, а според провинциските власти, извесен број затвореници биле фатени. Ова е второ големо бегство од овој затвор.
XS
SM
MD
LG