Достапни линкови

Апел за поголема инволвираност на САД во Либија


Сенаторот Џон МекКејн на прес конференција во Бенгази, Либија

Сенаторот Џон МекКејн на прес конференција во Бенгази, Либија

Американскиот сенатор Џон МекКејн апелираше за поголема инволвираност на Соединетите американски држави во воздушните напади на Либија. Апелот на сенаторот се случува додека силите на либијскиот лидер Муамар Гадафи продолжуваат со гранатирањето на градот Мисрата, трето по големина населено место во севернафрикаската земја. Претходно, медиумите јавија дека лојалистите на Гадафи се повлекле од градот во западниот дел на земјата, потег кој би значел победа на бунтовниците кои го контролираат населеното место. Анти – владините сили, пак ги демантираа медиумите, тврдејки дека станува збор за дизинформација. Организациите за човекови права тврдат дека најмалку 1,000 лица загинале во нападите на Мисрата кои траат веќе два месеци. Италијанскиот министер за надвортешни работи Франко Фратини најави дека ќе отпатува во Бенгази, во источниот дел на Либија, каде ќе отвори конзулат.
XS
SM
MD
LG