Достапни линкови

Нови протести во Јемен


Нови протести избија во Јемен денеска и покрај најавите за планираното повлекување на претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт повеќе од три децении. Во саботата владеачката партија соопшти дека прифатила меѓународен предлог за мирен трансфер на власта во земјата. Согласно планот, Салех би требало да ја предаде власта на неговиот заменик во рок од 30 дена, под услов на гаранции за неговата безбедност. Коалицијата на опозициски партии во земјата го поздрави планот, и предложи неколку измени. Демонстрантите во Јемен, од друга страна, бараат Салех веднаш да се повлече и кривично да одговара. Соединетите американски држави апелираа за мирен трансфер на власта во државата. Најмалку 120 лица загинаа во протестите во земјата кои траат два месеци.
XS
SM
MD
LG