Достапни линкови

Сиријската полиција ги апси противниците на Башар ал Асад


Активисти сведочат дека сиријските безбедносни сили ги апсат противниците на претседателот Башар ал Асад по најкрвавите протести во земјата. Групите за човекови права тврдат дека Даниел Сауд, еден од најпознатите про – демократски активисти, е меѓу уапсените. Во петокот и вчера сиријските вооружени сили убија 120 лица кои учествуваа на анти-владини протести во јужниот дел на земјата. Околу 300 лица загинаа во немирите во Сирија во изминативе два месеци.
XS
SM
MD
LG