Достапни линкови

logo-print

Нема прекин на гранатирањето на Мисрата, тврдат либијските бунтовници


Либијските бунтовници и очевидци сведочат дека силите лојални на лидерот Муамар Гадафи продолжиле со гранатирање на градот Мисрата во западниот дел на земјата. Тврдењата на анти-владините сили се противат на медиумските извештаи во кои се тврди дека лојалистите на лидерот се повлекле од третото по големина населено место во северноафриканската земја, кое веќе два месеци е мета на напади. Во меѓувреме, либијскиот заменик министер за надворешни работи Калед Каим изјави дека силите на НАТО бомбардирале локации во Сирт, Гаријан, Азизија, Триполи и Хира.
XS
SM
MD
LG