Достапни линкови

Почина Саи Баба, еден од најпознатите индиски духовни лидери


Сатја Саи Баба почина на 85 годишна возраст поради срцевли проблеми. Најпознатиот духовен лидер од Индија имаше илјадници следбеници од целиот свет, кои веруваа дека тој е Бог меѓу живите. Саи Баба донираше пари за болници и училишта но и беше цел на критики за наводна измама и сексуална злоупотреба. Новинските агенции јавија дека неговото тело ќе биде изложено во понеделник и вторник за неговите приврзаници да му оддадат последна почит.
XS
SM
MD
LG