Достапни линкови

Свечена литургија во Соборниот храм по повод Велигден


Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ утрово се одржа свечената литургија по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На литургијата присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, кои им го честитаа празникот на граѓаните и им посакаа здравје, среќа, радост, бериќет и успех.
XS
SM
MD
LG