Достапни линкови

Комеморација на ерменските жртви од времето на Отоманската империја


од комеморацијата

од комеморацијата

Во Ерменија денеска се одбележува 96 годишнината од убиствата на Ерменци во Отоманската империја, комеморација која претставува причина за заладените односи на земјата со Турција. Ерменците тврдат дека 1,5 милиони луѓе биле убиени во периодот од 1915 до 1917 година, настан кој според нив претставува геноцид. Турција, од друга страна, проценува дека 300,000 до 500,000 ерменци биле убиени во времето на Отоманската империја, одбивајки дека станува збор за геноцид. Турските власти веруваат дека исто толку турци загинале во протестите кои избиле пред распаѓањето на империјата. Контроверзиите со децении предизвикуваат билатерални проблеми меѓу двете држави. Во 2009 година беа потпишани декларации со кои требаше да се нормализираат односите меѓу Турција и Ерменија, но нема виден напредок во тој процес.
XS
SM
MD
LG