Достапни линкови

САД ја поздравија подготвеноста на јеменскиот претседател да се повлече


Али Абдула Салех

Али Абдула Салех

Соединетите американски држави ја поздравија подготвеноста на претседателот на Јемен да отстапи од функцијата. Белата куќа соопшти дека подржува „мирен трансфер на власта, кој соодветствува на желбите на јеменскиот народ“. Али Абдула Салех е на лидерската позиција веќе 32 години а во изминативе два месеци се зачестија протестите во Јемен преку кои се бара негова оставка. Салех вчера се согласи со план на Советот за персиска соработка за мирен трансфер на власта во неговата земја.
XS
SM
MD
LG