Достапни линкови

logo-print

Палестинските вооружени сили напднаа група верници


Еден Израелец загина а четворица се повредени откако палестински полицаец стрелал кон група луѓе кои патувале кон храм на територија под контрола на Палестинците. Израелската војска соопшти дека загинатиот и повредените биле членови на еврејска група која не побарала официјална дозвола за влез во областа. На Евреите им е дозволено еднаш годишно да го посетат храмот кој е на палестинска територија, но дел од верниците неретко влегуваат во палестинската област без претходна дозвола од вооружените сили.
XS
SM
MD
LG