Достапни линкови

Најмалку дванаесетмина загинати во Сирија


Најмалку дванаесетмина загинаа во новиот бран насилствa во Сирија. Безбедносните сили вчера стрелаа кон група луѓе кои се собраа во југот на земјата на погреб на жртвите од протестите во петокот. Про – демократските активисти протестираат веќе месец дена и бараат оставка од претседателот Башар ал Асад. Американскиот претседател Барак Обама го осуди насилството и обвини дека Асад барал помош од Иран. Од Сиријската влада, пак, возвратија дека изјавата на американскиот претседател „не е базирана на објективни гледишта“.
XS
SM
MD
LG