Достапни линкови

Кантримен: Не се разговара за поделба на Косово


Томас Кантримен

Томас Кантримен

Поделба на Косово не е и нема да биде тема на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави помошникот државен секретар на САД Томас Кантримен во интервју за косовскиот сервис на Радио Слободна Европа. „Ова им беше јасно на двете страни и пред почетокот на разговорите“. Рече Кантримен. Тој додаде дека дијалогот е во интерес на народот на Косово, не само за Албанците туку и за Србите. Според него, владеењето на правото е многу кревко во северниот дел на Косово. „Тој дел можеби не е најопасниот во Европа но несомнено е област со најмалку владеење на правото“ рече Кантримен.
XS
SM
MD
LG