Достапни линкови

Сиријски снајперисти убиваат демонстранти, тврдат очевидци


Петмина загинале во Сирија денеска откако снајперисти стрелале кон толпа демонстранти кои се насобрале на погребална церемонија, тврдат очевидци. Новинската агенција АФП јави дека снајперисти позиционирани на покриви на згради пукале кон демонстрантите кои присуствувале на погребална церемонија во предградие на Дума. Демонстрантите во градот Ерзех тврдат дека вооружените сили убиле две лица кои присуствувале на погреб. За сега нема официјална потврда за овие сведочења.
XS
SM
MD
LG