Достапни линкови

Иран сака да ги обнови дипломатските односи со Египет


Министерот за надворешни работи на Иран ги повика властите во Египет да направат „храбар чекор“ во обновување на дипломатските врски меѓу двете земји. „Веќе кажавме дека сме подготвени за зголемување на соработката со Египет и се надеваме дека египетските власти ќе направат храбар чекор“ рече Али Акбар Салехи во изјава за иранската државна новинска агенција ИРНА. Иран ги раскина дипломатските врски со Египет во 1980 година за време на Исламската револуција.
XS
SM
MD
LG