Достапни линкови

logo-print

Николиќ утре ќе излезе од болница за Велигден


Томислав Николиќ

Томислав Николиќ

Лидерот на Српската напредна партија Томислав Николиќ планира утре да ја напушти болницата доколку во текот на оваа ноќ нема здравствени компликации, изјави денеска членот на докторскиот конзилиум кој се грижи за неговата здравствена состојба, Љубомир Илиќ. „Николиќ по своја желба, поради изнемоштеност, ќе остане во болница до утре изутрина, кога планира да ја напушти клиниката, доколку не се појават компликации, и да го прослави Велигден со своето семејство“ рече на прес-конференција Илиќ. Според него, здравствената состојба на Николиќ е добра, последиците од штрајкот со жед се целосно саниран и нема натамошни индикации за хоспитализирање. „Николиќ го продолжува штрајкот со глад, кој засега не му го загрозува животот, но првите последици би можеле да се манифестираат за една недела и доколку протестот продолжи, за еден месец тој би можел да биде во животна опасност“ објасни докторот.
XS
SM
MD
LG