Достапни линкови

logo-print

Стефановиќ: Не бегаме од можни разговори за поделба на Косово


Борко Стефановиќ

Борко Стефановиќ

Српскиот преговарачки тим не бега од можноста да се разговара за поделба на Косово, изјави шефот на српскиот тим во преговорите со Приштина Борко Стефановиќ. „Ние сме слободни да разговараме за се и од мене никогаш нема да се слушне: Не, тоа е апсолутно неприфатливо и за тоа не може да се зборува“ вели Стефановиќ во интервју за велигденското издание на весникот „Блиц“.Тој додава дека и другата страна би требала да го прилагоди својот пристап кон изнаоѓање решение, а не „да бара наша потврда за нивната т.н. независност, бидејќи неа никогаш нема да ја добие“. Стефановиќ смета дека прашањетро за статусот е во секоја од темите кои се отворени во преговорите, но дека „проблемот се појавува тогаш кога една од страните, најчесто приштинската, инсистира на тоа да дадеме потврда за нивното гледање на статусот“. Од четвртата рунда преговори Стефановиќ очекува да не се отвораат нови теми, туку оние кои се започнати сукцесивно да се решаваат и затворат.
XS
SM
MD
LG