Достапни линкови

Пакистан тврди дека им „крши 'рбети“ на Ал Каеда


Ашфак Парвез Кајани

Ашфак Парвез Кајани

Шефот на пакистанската армија денеска изјави дека им бил „скршен грбот“ на милитанти кои се поврзани со терористичката Ал Каеда, додавајќи дека „волјата на Бога наскоро ќе се оствари“. Обраќањето на Ашфак Парвез Кајани пред кадетите во пакистанската војска следи по критиките од Обединетите нации дека земјата не се труди доволно во борбата против милитантите. Официјален Вашингтон минатиот месец забележа дека на Пакистан му недостига конкретен план за справување со милитантите, како и дека припадници на пакистанските разузнавачки служби имаат блиски врски со авганистанските талибанци.
XS
SM
MD
LG