Достапни линкови

Тадиќ за добрососедство со Хрватска


Коментирајќи ги случувањата во Хрватска по пресудите на Анте Готовина и Младен Маркач, српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека нема место за реваншизам и ликување.
Во изјава за весникот „Блиц“ тој изрази надеж дека до тоа нема ни да дојде.
Тадиќ рече дека „нема место за ничие ликување“ и дека би бил „непримерен и недозволив каков било реваншизам, со кој би можела да биде загрозена безбедноста на Србите во Хрватска“.
Соочувањето со сопственото минато, без оглед колку е тоа тешко или шокантно, мора да биде момент кога сите ќе почнеме да се огледуваме во туѓата мака, смета Тадиќ.
- Мораме да дадеме се од себе за изградување на добрососедски односи и затоа мораме да сториме се за воспоставување на нови вредности, нови морални начела и на крај, мораме сите да влеземе во заедницата на европскиот мир, во најголемиот мировен проект во историјата на човештвото - во Европската унија, оцени Тадиќ.
XS
SM
MD
LG