Достапни линкови

logo-print

Кипарскиот парламент се самораспушти


Парламентот на Кипар денеска се самораспушти и го определи 22 мај за датум за спроведување на редовните парламентарни избори. Претседателот на парламентот Мариос Каројан ги повика кипарските граѓани да земат активно учество на изборите. Според резултатите од последното истражување на јавното мислење, на изборите се очекува слаб одзив. Парламентарните избори во Кипар се одржуваат на пет години. Претстојните избори ќе бидат десетти по ред, откако островот доби независност од Британија во 1960 година.
XS
SM
MD
LG